Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

MojSan® на меѓународниот Саем за мебел Ambienta 2017

Загреб од 11 до 15 Октомври 2017 година

Загреб од 11 до 15 Октомври 2017 година
Компанијата Delibašić poliuretani d.о.о. - бренд MojSan® се представи на меѓународниот Саем за мебел Ambienta 2017 кој се одржа во Загреб од 11 до 15 Октомври 2017 година.
 
Ова е второ последователно представување на нашиот бренд  MojSan® на овој реномиран Саем со цел приближување на нашите производи на пазарот на Хрватска, но и во земјите на Европската Унија.
 
MojSan® како лидер во производството на системи за спиење во Босна и Херцеговина се соочува со се поголема побарувачка на сопствените производи на домашниот пазар, но и во земјите од соседството, што претставува константен предизвик за унапредување на производите и проширување на производствените капацитети.
 
Со настапот на Ambienta 2017 сакаме да го представиме нашиот разновиден асортиман на производи, произведени според највисоките стандарди во индустријата на системи за спиење. Стратешките цели за ширење на пазарот одат во чекор со фактот дека нашиот бренд стана препознатливо име во гореспоменатата индустрија во целиот регион. 
 
Овогодинешниот саем Ambienta е 44ти по ред саем за мебел за внатрешно уредување на просторот. Со својата содржина и понатаму се позиционира како најважен настан во дрвната индустрија во Хрватска.