Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Душек Galileo Memory Silver

Изберете ја сопствената комбинација за спиење!

За цената на нашите производи Ве молиме да не контактирате на нашата инфо линија 02 3209 200 или на е-маил info@mojsan.mk

Изберете ја сопствената комбинација за спиење!

Купувањето на душек кој ќе Ви одговара е голема одлука, а уште поголема одлука доколку треба да купите душек кој ќе одговара на двајцата брачни партнери. Потребата за различна подлога за спиење подразбира и душеци со различни карактеристики, а тоа додатно би го оптоварило семејниот буџет. Galileo Memory Silver Ви нуди единствено решение за секоја личност или брачен пар, преку практична и единствена конструкција. Вкупната висина на душекот е 27 цм.

Доколку сте брачни партнери со различни потреби, на вистинско место сте!

"Кој душек би ни го препорачале? Јас сакам помек душек, а партнерот потврд..."Ова се само дел од најчесто поставуваните прашања при купување душек за брачни партнери. Купувањето на правилен душек е вистински предизвик поради различните потреби на партнерите. Не постои универзално удобен душек, удобноста зависи од индивидуално чувство.

Moj San Ви нуди одговор на сите предизвици со кои би се сретнале при купувањето на брачен душек, името му е Galileo Memory Silver. Водени по идејата и зборовите на познатиот научник Галилео Галилеј, “Сепак се врти“, направивме производ кој ја следи оваа филозофија. Овој душек нуди 16 можни комбинации на удобност во double варијанта на брачен кревет. На овој начин успешно одговоривме на барањата на паровите кои ги мачат горенаведените прашања. Преку своето двослојно 7-зонско јадро, сместено во навлака од антиалергиско платно со сребрени јони, овој душек на Вашето тело му нуди одлична потпора, а слојот од мемори пена Ви овозможува совршена удобност на Вас и Вашиот партнер.

Душек Galileo Memory Silver во single варијанта:

Кои промени сте ги осетиле на Вашето тело во последните неколку години? Дали сте ја зголемиле или намалиле телесната тежина? Дали сте имале болки во телото? Човековото тело константно поминува низ некои физички промени, а со тоа се менуваат и потребите за различна подлога за спиење.

Да утврдиме дека препорачана употреба на еден просечен душек кај сите произведувачи е од 5 до 7 години и дека имате намера толку години или повеќе од тоа да го користите душекот кој сте го одбрале. Во тие неколку години Вашето тело ќе помине низ одредени фази и при тоа нема постојано да му одговара една иста подлога за спиење. Настојувавме да направиме единствен душек кој на подолг временски период ќе Ви осигура удобност и правилна потпора на Вашето тело во согласност со Вашите моментални потреби.

Душекот Galileo Memory Silver, преку својата карактеристика “превртување” во единечна или single варијанта на Вашето тело му нуди 4 варијанти на удобност. Секојдневните животни активности предизвикуваат промени во телесната тежина, мускулната маса, обликот на телото, а душекот Galileo Memory Silver е оној душек кој може сето тоа да го прати и константно да Ви ја овозможува бараната удобност, а тоа го прави единствен на пазарот. Преку неговото 7-зонско јадро, не само што добивате душек туку добивате и приватен физиотерапевт прилагодлив на Вашите потреби.

Silver AG® третман

Платното Silver AG® во себе содржи сребрени јони и кога ќе се појави одредено ниво на влажност, се активираат сребрените јони кои го спречуваат растот и развојот на бактерии и го спречуваат уништувањето на платното. Сребрените јони ги разбиваат ензимите кои пак им се потребни на бактериите за опстанок. Човековото тело се поти и ослободува топлина во текот на спиењето, а сребрените влакна имаат хидрофилни својства и многу брзо го впиваат вишокот влажност од душекот. Вашиот душек ќе остане со добра вентилација, удобен и сув во текот на вашето спиење.
  • Висококвалитетна навлака со антиалергиски својства, се пере на 30 оC, направена од плетенина која ги задоволува барањата на Öko-Tex стандардите
  • Навлака со практичен патент за закопчување
  • Јадрото на душекот е од три вида на пена со различни нивоа на тврдост за прилагодување на потребите на индивидуата
  • Над-душек мемори како посебен дел на душекот
  • Практична торба за носење на над-душекот ( 2 во двојна варијанта)
  • 4 комбинации за распоред на слоевите во единечна варијанта
  • 16 комбинации за распоред на слоевите во двојна варијанта
  • Внатрешна навлака
  • Silver® технологијата на производство на плетенината овозможува врвна хигиена за спиење, и ги одстранува непријатните миризби
Galileo Memory Silver е ротирачки, антиалергиски, ортопедски и анатомски кој двата парнери ги зближува во креветот. Доживејте го единственото чувство на сребрениот допир преку овој мултифункционален производ!
  • Silver® антиалергиска навлака
  • Закопчување со патент
  • ПЕС вата 400 г/м2
  • Ретекс
  • Над-душек мемори
  • Внатрешна навлака
  • ПУ пена 1 цм
  • ХР пена ХР4035 профилирана
  • ПУ пена ПТ3550 профилирана