Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Дали ги знаете следниве факти за спиењето?

MojSan® совети

33 проценти од луѓето спијат секогаш на десната страна, 20 проценти на левата, а 13 проценти малку на едната, малку на другата страна. 20 проценти од луѓетоспијат на стомак, а 11 проценти на грб.

Во текот на животот во кревет просечно поминуваме дури 23 години или 8516 денови.

На тинејџерите им е потребно околу 10 часа спиење, баш како и на малите деца. Во постарата животна доба, после 65тата година доволни се 6 часа сон, додека во периодот помеѓу 25 и 55 години за поголемиот број луѓе оптимално е спиење од 8 часа.

Во 1964 година, Toimi Soini во Финска поставил рекорд за неспиење во траење од 11 денови или точно 276 часа. Рекордот е запишан во Гинисовата книга на рекорди, но е тргнат од неа во 1989 година, поради тоа што е заклучено дека такви информации би можеле да ги поттикнат луѓето да учествуваат во натпревари кои би имале кобни последици по нивното здравје.

Количината на сон потребна за опоравување на телото е индивидуална. На некои луѓе им е доволно малку сон, како на пример на Наполеон, кој спиел од 4 до 5 часа, или Леонардо да Винчи кои своите час и половина сон ги распоредувал спиејќи 15 минути на секои 4 часа. На многумина пак, како на пример на Јохан Волфганг вон Гете не им биле доволни нити 12 часа сон.

Според австралиската организација NRMA (National Roads and Motorists Association), слична на нашиот авто-мото сојуз, токму заморот предизвикан од недостаток на сон е причина за една од шест фатални сообраќајни несреќи, а интересно е дека бројот на несреќите во Канада опаѓа во зима, со поместувањето на часоникот нанапред, односно со добивање на уште еден час за спиење.

На жените во просек им е потребно еден час повеќе сон отколку на мажите, во спротивно стануваат депресивни и раздразливи.

Нормалното време потребно за човек да потоне во сон се движи помеѓу 10 и 15 минути. Тоа темпо сигнализира дека човекот е доволно уморен за да заспие без потешкотии, но не и дека е преморен. Од друга страна оној кој успева да заспие во првите 5 минути, дефинитивно треба да размисли за промена на животниот стил, бидејќи организмот и телото му порачуваат дека се исцрпени.