Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Како да спиете добро?

MojSan® совети

За да му овозможиме на својот организам соодветен ноќен одмор,а себе да си осигураме здрав сон, добро е да се придржуваме до неколку важни совети поврзани со хигиената на спиење.
  • Креветот треба да ни служи само за спиење, па според тоа во креветот не се појадува, не се гледа телевизија и не се работи.
  • После будењето никогаш не останувајте во креветот подолго од 30 минути. Луѓето кои хронично патат од несоница многу често поминуваат предолго време во креветот, во креветот јадат, гледаат телевизија, читаат, работат и ги решаваат своите проблеми.
  • Пред спиење немојте никогаш да читате повеќе од 15 минути, а од лектирите за заспивање исфрлете ги трилерите и крими романите, односно оние кои влијаат на левата страна на мозокот и не раздремуваат. Наспроти тоа изберете книги кои ја поттикнуваат фантазијата, односно оние кои ја стимулираат десната страна на мозокот.
  • Бидејќи секој човек има единствен биоритам, немојте да одите во кревет само поради тоа што е “време за спиење”, туку кога ќе почувствувате дека сте навистина уморни. Потпрете се на својот “внатрешен часовник” и очигледните сигнали, како на пример замор, прозевање, затворање на очите и слично.
  • Пред спиење напијте се растителен чај. Една шоља чај, исто како и шоља топло млеко представува најприродно, најдобро и најбезопасно средство за смирување и здраво заспивање.
  • Научете да го контролирате своето дишење, бидејќи правилното дишење го олеснува процесот на заспивање.
  • Неопходната опуштеност која е потребна пред спиењето може да се постигне така што на своето тело ќе му обезбедите топлина. Наједноставниот начин е дланките да ги поставите на стомакот, што ќе резултира со подобар проток на енергија и смирување на вегетативниот нервен систем, а истото може да се постигне и со стариот добар “термофор” исполнет со топла вода.
  • Потрудете се да не ги носите во кревет секојдневните проблеми, што во поголемиот број случаи може да се постигне со многу едноставен “трик”. Се она што морате да го завршите следниот ден, “исфрлете” го од своите мисли со запишување на лист хартија и оставете го за утре. Во поголемиот број случаи, посебно кај професионалните проблеми помагаат техники за медитација и јога кои може да се совладаат со помош на професионални инструктори.
  • Пред спиење избегнувајте ги сите непотребни вознемирувања и имајте на ум дека и напнат филм или напнати вести може значително да ви го пореметат сонот. Затоа најмалку 30 минути пред спиење не гледајте телевизија или филм.
  • Неколку непреспиени ноќи нека не ве загрижуваат премногу. Нашиот организам е способен повторно да постигне рамнотежа и да се врати во “нормала”.