Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Кога е време за нов душек?

MojSan® совети

Душеците не траат вечно. Поголемиот дел од нас предолго чекаме за да извршиме замена на душекот.
Многу често проблемот со несоодветен и стар душек се обидуваме да го решиме со купување над-душек, надевајќи се дека со помала инвестиција ќе ја подобриме подлогата за спиење.
 
Купувањето над-душек е со функција за подобрување на удобноста на тврд душек, но во никој случај не е решение за душек кој одамна ја изгубил својата употребна вредност.

Купување нов душек е потребно доколку:

  • Се будите уморни, нервозни и со болки во грбот
  • Подобро спиете во хотели или на гости отколку во сопствениот кревет
  • Вашиот душек изгледа старо, оштетено или истрошено
  • Душекот шкрипи и се искривува