Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Зошто MojSan®?

Moj san е модерна индустрија за системи за спиење со главна цел обезбедување на квалитетен сон за здрав живот. Она што не прави препознатливи е квалитетот на целиот процес на услужување на клиентите, од произведување до конечен пласман на производот, што како главна цел има да му удоволи на нашиот клиент со нашите производи и градење на долгорочна доверба. Moj san®, Ваш партнер за удобен и здрав сон, затоа што квалитетот нема алтернатива!

Целосна посветеност за задоволување на потребите на купувачите

MojSan® со својата широка палета прозиводи за спиење сака да обезбеди голем избор на нашите ценети купувачи за да можат да го изберат оној производ што навистина им е потребен. Секој има различни потреби и навики за спиење така што со различните комбинации на материјали направивме производи и за купувачите со највисоки побарувања.

Kомпанија со високо ниво на контрола на квалитетот

Moj san® е  босански бренд под раководство на Делибашиќ полиуретани д.о.о чии производствен капацитет е лоциран во Какањ. 





Иновативни решенија благодарение на новата технологија

MojSan® во своето производство користи нова технологија за да може да ги следи светските стандарди во областа на производството на системите за спиење. Користењето на овие технологии нам ни овозможува поголема ефикасност во производството кое директно се одразува кај крајниот купувач во вид на иновативни решенија со врвен квалитет и пристапни цени.

Користиме материјали кои не се штетни за здравјето и околината

MojSan® системите за спиење во својот состав не содржат штетни материи кои би можеле да имаат негативно влијание на кожата на корисникот или на околината. Стандардите на производство на сите наши производи се според европски правила, а како доказ е самото тоа што дел од нашите производи ги извезуваме во држави кои се дел од Европската унија.

 

 

Соработка со светски реномирани партнери

MojSan® од самиот почеток е со високо поставени стандарди во провизводството на системи за спиење во соработка со најпризнатите светски доставувачи на ова поле. Моментално соработуваме со DesleeClama®, Boyteks®, YKK®, Leggett & Platt®, DAHMEN®, Jowatt®, Plama-pur®, Vitafoam®, Durkopp Adler®, JUKI®, PFAFF®, и многу други.

Општествено одговорна компанија

MojSan® до сега има учествувано во голем број активности за подобрување на животниот квалитет и животната средина. Учествување во различни акции, донации, стипендирање на други активности за потребите на заедницата и општеството одсекогаш го краселе брендот Moj san®. Moj san® има изградено слика на исклучително ценета компанија од страна на целокупната општествена заедница.

Главниот состав на производот сами го произведуваме

MojSan® брендот во сопственост на компанијата Делибашиќ полиуретани д.о.о има свој сопствен погон за произведување на ПУ пена (Polyurethane foam), која е најчесто користен материјал во производството на системите за спиење. Имаме можноста сами да произведеме суровина која најчесто ја користиме,  и поставивме ниво на цената која преставува најдобар сооднос уложено- добиено од перспектива на купувачот.

Извоз во Европа и опремување на големи ланец хотели

MojSan® веќе четврта година по ред извезува свои прозиводи во државите во Европската унија благодарание на соработниците и развиените пратнерски односи. Во 2013/2014 година односот на извозот беше приближно 50% од вкупната вредност на производство.Опремувањето на познати ланец хотели во БиХ и регионот е она по кое сме познати.

 

 

Обука на продажните представници и советниците

MojSan® како сопствена цел го има следењето на движењето на пазарот за да би се полесно прилагодиле на предизвиците на модерното менаџирање во смисла за подобра презентација на своите производи. Продажните  представници на брендот Moj san® поминуваат неколку фази на едукација и константно се усовршуваат со цел да им пружат поквалитетни информации на крајните купувачи коешто представува наша стратешка цел.

Го сакаме она што го работиме

MojSan® team е тим од едуцирани млади луѓе кои вредно работат на развивање и унапредување на производниот асортиман со единствена цел- висок степен на угодување на потребите на купувачот. Креирајќи производи кои обезбедуваат квалитетен сон, со текот на времето го засакавме тоа што го работиме и понатаму сакаме да бидеме Ваш верен партнер благодарение на кој и понатаму ќе можете да ги истражувате вашите соништа!