Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Зошто е важен здравиот сон?

MojSan® совети

Сонот е подеднакво важен како храната и воздухот. Квалитетот и квантитетот на сонот се многу важни. На поголемиот број возрасни личности им е потребно од 7,5 до 8,5 часа непрекинат сон. Ако го исклучувате будилникот наутро, значи дека не сте се наспале добро. Причини за ненаспаност може да бидат недоволно поминато време во кревет, надворешни фактори или пореметување на спиењето.

Поради фактот дека се потребни многу истражувања за да се објасни влијанието на хроничната несоница врз здрвајето на човекот, може слободно да се заклучи дека сонот е премногу важен за да се скратува.

Шест предности на здравиот сон:

  • Учење и меморија. Спиењето му помага на мозокот да ги зачува новите информации во меморијата преку процесот познат како “мемориско соединување”. Студентите кои спијат после учењето имаат подобри резултати на тестовите.
  • Метаболизам и телесна тежина. Хроничниот недостаток на сон може да предизвика зголемување на телесната тежина бидејќи негативно влијане на процесите на разградување на јаглехидратите и го нарушува хормоналниот баланс кој го регулира нашиот апетит.
  • Сигурност. Недостатокот на сон ја зголемува веројатноста да заспиеме во текот на денот. Задремувањето и поспаноста во текот на денот може да предизвикаат фатални последици како што се медицински грешки, авионски несреќи како и сообраќајни несреќи.
  • Расположение. Недостатокот на сон може да резултира со нервоза, нестрпливост, намалена концентрација и нерасположение. Ако спиете недоволно станувате премногу уморни за ги работите нештата кои ги сакате.
  • Кардиоваскуларно здравје. Сериозните нарушувања на спиењето се поврзани со зголемен крвен притисок, хормонални нарушувања и неправилни отчукувања на срцето.
  • Живот. Несоницата ги ослабува имунолошките функции. Доброто спиење е еден од начините за борба против ракот.