Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Зошто купувањето на нов душек треба да го сметаме како вложување?

MojSan® совети

Во последно време, голем број купувачи купуваат производи не поради тоа што им се потребни, туку едноставно бидејќи ги посакуваат. На некој начин стануваме жртви на понудата.

Квалитетните производи за спиење треба навистина да ги сметаме како вложување во себе, а вложувањето значи дека даваме пари за нешто и очекуваме повратна корист од истото. Користа од вложување во нов душек би можела да биде најголемата корист која можеме да ја добиеме наспроти вложувањето во било кој друг производ.

Да замислиме личност која спие на несоодветен душек кој не нуди ни минимална удобност и поддршка, и да претпоставиме дека тој душек се користи и до 10 години како што тоа го прават поголемиот број луѓе. Таа личност не знае како е да се спие на удобен и соодветен душек, и не е свесна за тие предности ниту за истрошеноста на сопствената подлога за спиење.

Сега замислете си личност која за цело време спиела на квалитетен душек, кој во потполност и одговара и на тој начин поминала десетина години, исто како и погоре споменатата личност. Сигурно постојат драматични разлики помеѓу нив кои се согледуваат преку физичката појава, однесувањето, среќата, здравјето и квалитетот на живеење севкупно.

Постојат луѓе кои не сакаат да ги потрошат сопствените пари на душек бидејќи не знаат или не се свесни за важноста на тој производ. Одговорноста е на нас, кои сме свесни, да се обидеме да го пренесеме тоа знаење и свесност на другите. Една третина од животот ја поминуваме во спиење, со изборот на соодветен душек ние инвестираме во останатите две третини од животот и на тој начин ги правиме по квалитетни.

Поради тоа веројатно не постои производ кој може да има повеќе позитивни ефекти врз квалитетот на живеење од душекот.