Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Зошто спиењето е важно?

Што да направам за да го подобрам квалитетот на мојот сон ?

Светски ден на спиењето, одлична прилика да се едуцираме!
Зошто спиењето е важно?
 
Старата поговорка вели: Денот почнува со легнување! После стотици извршени експерименти за здравјето и спиењето, водечките светски научници открија дека за одржување на оптимално здравје треба да одиме на спиење рано и да се разбудиме пред изгрејсонце. Звучи едноставно, но зошто е баш така ? Природата деллува и се движи во прецизни ритмички кругови кои се наоѓаат под влијание на Земјината ротација, Сонцето и Месечината. Секој ден Сонцето изгрева и заоѓа, сезоните се менуваат, Месечината се крева и спушта. Функцијата на спиење и будност се дел од тој ритам.
Пореметувањето на природните функции на нашиот биолошки часовник предизвикано од лоши навики и неправилно спиење предизвикува многу различни заболувања.
 
Што да направам за да го подобрам квалитетот на мојот сон ?
 
Менувајте ги лошите навики!
Експертите истакнуваат неколку чекори кои ќе Ви помогнат секое утро да се будите одморени:
Секоја ноќ одете во кревет во приближно исто време
Секој ден будете се во приближно исто време, дури и за време на неработните денови
Спалната соба нека биде удобна, темна и тивка
Вложете во квалитетен душек и перница
Немојте да јадете два до три часа пред спипење
Избегнувајте алкохол, кофеин и цигари неколку часа пред спиење 
Вежбајте редовно и во период од најмалку три часа пред спиење
 
Подобрете ја својата спална соба!
 
Добриот сон е возможен ако Вашата спална соба е мирна и удобна. Тоа е простор дизајниран само за Вас и Вашите сништа.
Погрижете се собата да е доволно темна
Инвестирајте во душек кој Ви одговара
Погрижете се температурата во собата да биде пријатна, можеби и умерено ладна
Елиминирајте ги електронските уреди - ТВ или мобилни телефони
Користете ја својата спална соба само за спиење и интимност. Ако го третирате својот кревет како втор дневен престој – за гледање телевизија или телефонски разговори со пријателите – Вашиот ум ќе ја поврзе спалната соба со активност наместо со одмор.
 
Зарем морам и да сонувам ?
 
Колку често сонувате? Ако Вашиот одговор на ова прашање е не сонувам баш – не сте единствени, бидејќи според некои истражувања 32% од луѓет тврдат дека месечно сонуваат само еднаш. Фактот дека не сонувате зборува за квалитетот на Вашиот сон, а недостатокот на сон може да биде опасен. Денес луѓето сонуваат помалку од било кога. Сништата се важни бидејќи се суштински дел од психичкото здравје, а најчесто се случуваат во РЕМ фазата, во циклусот на спиење во кој мозокот е најактивен. Ако немате соништа тоа значи дека за време на спиењето не сте доволно време во РЕМ фаза, а тоа значи дека сонот не Ви е квалитетен. Причината поради која ова се случува е притисокот на современото живеење и општество, стресот на работното место. Алкохолот, лековите и се по присутните електронски уреди кои го нарушуваат нашето спиење и сонување.
 
Што добивам ако спијам здраво ?
 
Веројатно не постои ниту еден сегмент на секојдневното живеење кој е отпорен на лош сон. Некои од позначајните се:
 
Помнење
Без соодветен сон мозокот потешко ги прима новите информации. Постои неколку студии со кои научниците пронајдоа директна врска помеѓу сонот и помнењето. Докажано е дека во текот на спиењето мозокот ги ревидира информациите и помага да останат запомнети. Истотака со недостатокот на сон мозокот предвремено старее.
 
Телесна тежина
Докажано е дека добриот сон е еден од значајните фактори во одржување на телесната тежина. Доколку не спиете доволно, телото лачи хормон кој стимулира глад. Ова е посебно важно за оние кои пробуваат да изгубат вишок килограми, бидејќи недоволното спиење го успорува процесот на слабеење за 55%
 
Имунитет
Имуниот систем е во директна врска со сонот. Недостатокот на сон не изложува на многу болести, како што се дијабетис, срцеви проблеми и депресија.
 
Издржливост
За време на спиењето телото излачува хормон за раст и развој на мускулите и коските, како и за нивно зараснување. Доволна количина на сон е гаранција дека Вашето тело ќе биде физички по спремно и по издржливо
 
Подолг живот
На универзитетот во Питсбург спроведена е студија која вклучила 184 здрави лица на возраст од 58 до 91 година. Најдолгиот животен век е забележан кај оние кои заспиваат во првиот половина час откако ќе легнат и кои 80% од времето на спиење го поминуваат во длабок сон.
 
Крвен притисок
Само еден час спиење повеќе е доволен за да се намали нивото на крвниот притисок. 
 
Концентрација
За подобра концентрација најважно е помеѓу два и четири наутро бидете во длабок сон. Дневниот одмор е опција,но да не не биде премногу долг и да го замени ноќниот одмор
 
Зараснување на раните
За време на спиењето се одвиваат многу физиолошки процеси, еден од ниве е зараснувањето на ткивата. Недостатокот на сон ја зголемува вознемиреноста која може да ги поремети овие процеси. Дали се работи за исекотина или посериозна повреда, доволно спиење ќе го забрза процесот на заздравување
 
Стрес
Недостатокот на спиење доведува до анксиозност, која може да биде причина за стрес што може да доведе до појава на несоница. Доколку сте имале напорен ден, направете топла купка потоа намачкајте се со масло од лаванда и проветрете ја спалната соба. Секогаш е подобро да спиете во по студена просторија. Немојте да гледате телевизија туку пробајте да се опуштите во што мирисот на лаванда дополнително ќе Ви помогне. Стресот е болест на современото време и доколку не можете да го избегнете постои начин да се изборите со него. Добриот сон е одличен почеток во борбата против стресот.