Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Врвни MojSan® душеци за врвни хотели

Нов проект за опремување by MojSan®

Опремување на хотел Unique - Resort & SPA Охрид
Брендот MojSan® како претходните, така и оваа година е еден од водечките регионални актери за опремување на хотели и други сместувачки капацитети. Еден од последните проекти од овој тип е опремувањето со душеци од нашата хотелска програма на хотелот Unique Resort & SPA во Охрид.
 
Хотелот Unique Resort & SPA е еден од најголемите хотели во Охрид кој пружа уникатно чувство на гостопримливост и врвен одмор за гостите. Се наоѓа во центарот на градот на брегот на Охридското Езеро.
Овој модерен хотел нуди различни можности за опуштање кои се достапни за сите гости. Надворешниот базен со бар во комбинација со фантастичната услуга ќе го разубават секој Ваш момент. Покрај луксузното сместување хотелот нуди и можност за организација на состаноци, опуштање во најсовремен спа центар како и разни спортски активности.
 
Хотел Unique Resort & SPA има 130 пространи луксузно опремени соби со модерен и топол амбиент кои Вашиот престој ќе го направат незаборавен.
 
Охрид е нашата гордост и бисер на Балканот кој повторно блеснува со сиот свој сјај. Природните убавини надополнети со квалитетни сместувачки капацитети полека но сигурно го впишуваат Охрид на мапата на најпосакувани дестинации во Европа.
 
Ваш Мојсан Тим