Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Новоотворениот луксузен хотел Swissotel Сараево опремен со душеци MojSan

MojSan – лидер во опремување на познати хотелски ланци
Нижеме нови успеси во опремување на познати хотелски ланци во БиХ и регионот.
 
Последен во низата на реализирани проекти е опремувањето на хотелот Swissotel Сараево, еден од најлуксузните хотели од групацијата Accor Hotels со 5+ ѕвездички. Хотелот е сместен во строгиот центар на Сараево во склоп на комплексот Sarajevo City Center
 
Swissotel Сараево има 21 спрат и 218 соби од кои 40 апартмани. Сите соби се пространи и уредени според највисоките меѓународни стандарди. Уникатноста е изразена преку задоволување на највисоките норми на луксузно сместување, па така овој хотел располага со 14 дипломатски апартмани, 14 executive suites и претседателски апартман распространет на 400 метри квадратни кој е единствен во БиХ.
 
Луксузните и модерно опремени катчиња за одмор, Swiss lounge и Lobby lounge, конгресниот центар со конференциска сала со 350 места, ресторанот Fusion, caffe Swiss и SPA и Welness центарот на 1200 метри квадратни се одлика на овој неверојатен хотел, зад чие концептуално решение на ентериерот се потпишува фирмата Scott Brownrigg. Иако се работи за високо луксузен бренд, Swissnes концептот нуди атмосфера која гарантира опуштање на уникатен и едноставен начин.
 
Светски познатите ланци на хотели, како и еден од најреномираните помеѓу нив - Accor Hotels со луксузниот бренд Swissotel бараат апсолутно почитување на сопствените стандарди при изградба и почитување на квалитетот на производите за опремување. Многу често се работи со преферирани, познати снабдувачи, а дури и must-be снабдувачи. Компанијата Delibašić poliuretani d.o.o со својот бренд MojSan и врвниот квалитет на душеците кои ги нудиме успеа да дојде на Accor approved листата на доверливи снабдувачи.
 
 “Опремувања од овој тип се проекти во кои влегувавме постепено и се развивме во сериозен регионален снабдувач за големи хотелски ланци. Swissotel. Луксузниот бренд на Accor Hotels е веќе вториот глобално познат ланец покрај Marriot во кој успеавме да влеземе, единствено преку врвниот квалитет на производи и внимателно развиената услуга. Горди сме на фактот дека им пружаме еднакво внимание и на помалите апартмански опремувања не само во БиХ туку и пошироко во сосдените земји, а посебно по должина на Јадранскиот брег кадешто изградивме завидна репутација и одлични партнерски односи со голем број компании, истакнува Беадиса Делибашиќ Хусика- генерален директор на компанијата.”
 
Ваш MojSan Тим