Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Кревет

Кревет MojSan LEONARDO

Цврст кревет од полно дрво!

За цената на нашите производи Ве молиме да не контактирате на нашата инфо линија 02 3209 200 или на е-маил info@mojsan.mk

Цврст кревет од полно дрво

Цврст кревет од полно дрво со завршна обработка. Конструкцијата на креветот е од полно буково дрво, а потпирачот за грб е тапациран со слој пена и еко кожа која ја има во различни бои. Во понудата имаме можност за комбинирање на изборот на боја на дрвото и боја на еко кожата. Има 3 бои на дрво и 5 дезени на еко кожа. Лежиштето на креветот, на кое се ставаат летвичките или латофлексот, е флексибилно и може да се дига и спушта на двата носачи од полно дрво во внатрешноста на креветот и тоа на 4 различни нивоа висина. Разликата е од 8-16 цм, на овој начин високиот душек можете да го спуштите пониско а нискиот душек да го подигнете. Двата носачи во внатрешниот дел на креветот, на средината, имаат пластични ногарки како дополнителна сигурност поради поширок распон на креветот. Пластичните ногарки можат да се прилагодуваат за да се добие идеалната подршка на латофлексот од подот. Дрвениот дел е премачкан со посебен вид масло кое се користи за заштита на дрвото.
 
Вкупни димензии на креветот MojSan LEONARDO:

  • Дополнителна ширина  +24 цм
  • Дополнителна должина  +26 цм
  • Висина на потпирачот за грб 98 цм
  • Висина на креветот ( од подот) 43 цм
  • Висина на страната на креветот  18 цм
  • Длабочина на узглавјето 14 цм