Латофлекс
Латофлекс CLASSIC Standard
Латофлекс MojSan CLASSIC Standard
За цената на нашите производи и достапноста на истите во други димензии Ве молиме да не контактирате на нашата инфо линија 02 3209 200 или на е-маил info@mojsan.mk
Конструкција на латофлексот
Standard фиксен и без можност за подигнување во пределот кај главата и нозете
Технички информации:
- Дрвена рамка на пружината за стандардни потреби
- Рамка со висок квалитет од масивно, ламелирано, буково дрво со 16 букови летвички
- Поголема стабилност со напречната летвичка
- Подесување на тврдоста на три летвички
- Не е подвижен во пределот на главата и нозете
- Висина 6,5 цм
- Ширина на летвичките 4,5 цм
- Растојание помеѓу летвичките 7,0 цм
Сите латофлекси се во согласност со станадардите на индустијата за мебел, која произведува 1 цм потесни и 4 цм пократки (пр. Ако порачате латофлекс со димензии 200х90, ќе ви биде доставен латофлекс со димензии 196х89 цм).
Подлогата со летвички или латофлексот е неопходен елемент на еден систем за спиење. Асортиманот на латофлекс MojSan® е разновиден со цел да задоволи повеќе аспекти од потребите на корисниците.
Во создавањето на оптимална удобност, влијанието на латофлексот е големо, а неговата функција е следна:
- Презема дел од притисокот на телото и му овозможува на душекот дополнително прилагодување
- Обезбедува циркулација на воздух и спречува појавување на мувла и габички
- Значително го продолжува векот на траење на Вашиот душек
- Standard фиксен и без можност за подигнување во пределот кај главата и нозете
- Comfort флексибилен со можност за подигнување во пределот кај главата и нозете
- Motoric флексибилен со можност на електронско подигање во пределот кај главата и нозете
- Душеците со пена и латекс задолжително треба да имаат латофлекс подлога поради структурата на материјалот од кој е изработено јадрото на душекот, за да му даде адекватна потпора на душекот, и овозможи дишење на душекот и долг век на траење.
- Душеците со пена и душеците со џебчесто јадро треба да имаат потпора од типот на латофлекс и тоа што погусно наредени летвички поради структурата на душекот.
- Душеците од класичен bonnell јадро на пружината не мораат задолжително да имаат латофлекс поради еластичноста која ја има внатрешната структура и која овозможува струење на воздухот.