Хотелска програма MojSan® – душеци и box spring кревети
MojSan® како потврда на високото ниво на квалитет на производите кои ги нуди има склучено партнерства со голем број на хотели и хотелски синџири во регионот.
Креирањето на производи за спиење ни беше предизвик на кој успешно одговоривме и низ годините станавме препознатливо име во оваа индустрија во Босна и Херцеговина и пошироко. Нашата желба да бидеме врвни во овој сегмент резултираше со тоа MojSan® да учествува во опремувањето на сите значајни и големи хотели во Босна и Херцеговина во последните неколку години. MojSan® ги прати трендовите во хотелиерството и има можност да понуди производи за опремување на хотели според категоризација и стандардизација на објекти од овој тип. Душеците од хотелската програма ги задоволуваат високите критериуми за цврстина и тешкогоривост на материјалите. Во понудата имаме развиено посебни модели на душеци, постелина и перници според критериумите за одредена категорија и тоа од една до пет ѕвездички.
Брендот MojSan® со својата хотелска линија на душеци е присутен во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Австрија и Швајцарија.
Квалитетот нема алтернатива и затоа целиот процес на услужување на купувачите го одржуваме на високо ниво.
""Клучот на успехот лежи во одржувањето на стабилноста во поединечните сегменти на работното опкружување кое го сочинуваат задоволен работник, добавувач, купувач и сопственикот на бизнисот.""
Азиз Сикира, Делибашиќ Полиуретани д.о.о.
Хотелска програма
Душеците од хотелската програма ги задоволуваат високите критериуми за цврстина и тешкогоривост на материјалите. Во понудата имаме развиено посебни модели на душеци, постелина и перници според критериумите за одредена категорија и тоа од една до пет ѕвездички.
MojSan® е модерна индустрија на системи за спиење чија основна цел е обезбедување на квалитетен сон за здрав живот,благодарение на користењето иновативни технологии и модерни решенија во креирањето на производи со висок квалитет.
Политиката на квалитет на брендот MojSan® е изградена со цел обезбедување на квалитетно спиење, преку квалитетни производствени системи во склад со највисоките светски и европски стандарди во областа на системите за спиење.