Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Како да се избере душек?

Совети за избор на Вашиот душек

Спиењето не освежува и регенерира повеќе од било кој процес. Квалитетниот сон не одмара и е неопходен за наше нормално секојдневно функционирање. Иако поминуваме 33% од животот во спиење, на квалитетот на душекот обраќаме внимание дури кога ќе започнат проблемите со недостаток на сон.

За милиони луѓе во Светот, последиците од недостатокот на сон, како стрес, намалена концентрација, грешки во работата па и некои потешки проблеми се секојдневна појава. Но тоа не мора да биде така. Изберете го соодветниот душек според Вашите навики на спиење.

Навики на спиење

Пред купувањето душек треба да ги препознаете и преиспитате своите потреби или навики на спиење. Бидете сигурни дека купувањето душек е вложување во сопствениот квалитет на живот и дека не се купува душек секој ден. Незначително поголемото финансиско вложување при купувањето душек, може да се манифестира позитивно на Вашето здравје. Размислете во која положба најчесто спиете, која подлога е соодветна на Вашето тело – тврда или мека, ако купувате брачен душек која димензија би била најдобра опција, патите ли од алергии? Индустријата за системи за спиење отиде далеку во технолошки поглед и бидете сигурни дека помеѓу нашите душеци се крие соодветниот душек за Вас, а може да го препознаете ако ги препознаете своите навики на спиење.

Како и колку луѓето спијат?

Постојат три навики или облици на спиење кај луѓето. Можеме да спиеме на страна, на грб или на стомак. Според истражувањата на страна спијат или заспиваат 57% од луѓето, на грб спијат 17% од луѓето, на стомак 11% од луѓето, додека останатите комбинираат повеќе положби во текот на ноќта. Секој од овие три начини на спиење има свои предности и недостатоци, но двата доминантни начини и тоа на грб и на страна се сметаат за најздрави. Спиењето ни помага да го унапредиме имунолошкиот систем, помага во балансирање на апетитот преку хормоните кои имаат улога во чувството на ситост. Кога не спиеме доволно чувствуваме дека треба повеќе да јадеме, што доведува до зголемување на телесната тежина. Времето потребно да се наспиеме е различно кај секој човек. За бебињата е потребно околу 16 часа спиење секој ден, за деца од 3-18 години 10 часа, од 19-55 години 8 часа, а над 65 години доволни се 6 часа спиење. Третината од животот која ја поминуваме во спиење има огромна улога во квалитетот на другите две третини во кои сме будни, директно влијае на енергијата и успешноста додека сме будни. Спиењето е активна фаза во која се постигнува неопходната ментална и физичка благосостојба. 

 

Спиење на страна

Спиењето на страна е најзастапен облик на спиење и има свои предности кои се огледуваат преку олеснетата циркулација на крвта во телото, што е посебно важно за трудниците кај кои овој начин на спиење и се препорачува(и тоа на лева страна). Кај спиењето на страна значително се намалува веројатноста за хрчење за време на спиењето. Поради спиењето на страна и притисокот на главата, односно на лицето може да доведе до појава на бори. Додека спиеме на страна притисокот на рамењата и колковите се зголемува што може да доведе до болки во тие делови на телото ако душекот не е соодветен. Поради тоа лицата кои спијат на страна за поудобни ги чувствуваат по меките или средно меките душеци. По мекиот душек во споредба со тврдиот не значи дека ќе има по краток век на траење поради својата мекост бидејќи е направен од материјали кои се подеднакво квалитетни, но се разликуваат по нивните својства. Клучот е во намалувањето на притисокот на рамото и колкот како би се разбудиле одморени и наспиени. Идеална перница при спиење на овој начин е по висока перница која ќе ја пополни празнината над рамото така што главата и вратот ќе бидат во неутрална положба. Душеците со зони се одлична опција за овој начин на спиење. Размислете за:Душек Memory 4+16, Душек Ortopedico, Душек Dalia, Душек Prestige, Душек Galileo, Душек Onix, Душек Cooler.

 

Спиење на грб

Спиењето на грб според некои истражувачи е најздравиот начин на спиење. Спиењето на грб и олеснува на Вашата глава, им овозможува на вратот и ‘рбетот да ја задржат природната положба на ‘рбетниот столб. За време на спиењето на грб оневозможено е враќањето на желудочните киселини поради положбата на главата во ниво над стомакот, додека неутралната положба на телото спречува болки во грбот и вратот. Исто така не се врши притисок на лицето и нема појава на бори. Меѓутоа кај овој начин на спиење може да дојде до појава на хрчење како негативен ефект. Луѓето кои преферираат спиење на грб треба своето внимание да го насочат кон оние душеци кои може да се сметаат за средно тврди до тврди. Таквите душеци пружаат потпора на телото каква што е потребна. Размислете за: Душек Luna Extra, Душек Erato, Душек Erato Plus, Душек Pluto, Душек Dalia Plus, Душек Zen Dream Plus.
 
 
 
 

Спиење на стомак

Спиењето на стомак е навика која ја практикуваат 11% од луѓето. Во однос на двете горе наведени положби ова е најнездрава позиција за спиење која го отежнува завземањето на правилна положба на ‘рбетот, прави притисок на зглобовите и колената што доведува до иритација на нервите, а и поради положбата на главата многу често се чувствуваат болки во вратот. Меѓутоа во оваа положба тешко може да дојде до хрчење и евентуално вознемирување на партнерот. Кај овој начин на спиење пожелно е перницата да биде тенка, или воопшто да ја нема. Душекот со средна-нормална мекост се смета за нај логичен избор при овој начин на спиење. Размислете за: Душек Basic, Душек Luna, Душек Memory Roll 3+12, Душек Zen Dream.





Обратете внимание на:

 
  • ТИПОТ НА ДУШЕК: Постојат различни типови на душеци, како што се душеци со жичано јадро, душеци од мека полиуретанска пена, душеци од мемори пена. Најдобар душек е оној кој Ви нуди најдобра поддршка на телото и кој е најудобен за Вас.

  • ПОДЛОГАТА НА ДУШЕКОТ: Подлогата на која е поставен душекот ја апсорбира неговата тежина и притисок, и влијае на правилната функција на душекот и го продолжува неговиот век на траење. Латофлекс подлогата му овозможува на душекот во потполност да ја оствари својата функција за која е наменет и го подобрува севкупното чувство на удобност за 30%.

  • ТВРДОСТА НА ДУШЕКОТ: Не мора секогаш да значи дека потврд душек значи и подобар душек. Премногу тврд душек не го потпира телото рамномерно и дава поддршка само на најтешките делови на телото. Премногу мек душек се вдлабнува и не овозможува правилна положба на ‘рбетот и одржување на неговата природна линија. Ниедна од овие ситуации не му овозможува на Вашето тело да се одмори за време на сонот, бидејќи мускулите работат во текот на целата ноќ настојувајќи да го наместат телото во удобна позиција.

  • УДОБНОСТА НА ДУШЕКОТ: Кога купувате душек дајте си на себе време да го испробате душекот ако имате таква прилика. Легнете на душекот и завземете ја позицијата во која најчесто спиете. Свртете се од едната на другата страна. Ако спиете со партнер, тестирајте го душекот заедно за да се осигурате дека имате доволно простор за двајцата. Уверете се дали душекот ја поддржува природната линија на Вашиот ‘рбет.

  • ТРАЈНОСТ НА ДУШЕКОТ: Трајноста на душекот зависи од квалитетот на материјалите од кои е изработен како и од начинот на експлоатирање на истиот. Обратете внимание на градбата на јадрото(внатрешниот дел), како и на типот на материјали со кои е обложен.

Цената на душекот зависи од материјалите од кои е изработен, од квалитетот на конструкцијата и од големината на душекот. Затоа на купувањето душек гледајте како на инвестиција. Не барајте само најниска цена, туку побарајте ја и најдобрата вредност која Ви се нуди.