Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Вредности на брендот MojSan®

MojSan® е динамичен бренд кој користи сопствени маркетиншки и инормативни системи за креирање и подобрување на производите на задоволство на сите засегнати страни.

Нудејќи производи на рати преку платни листи, MojSan® ги кредитира купувачите од сопствени средства за набавка на производи кои се многу важни за здравјето и правилниот развој на секој од нас.

Водени сме од фактот дека душекот е еден од најпотребните производи за потрошувачите, се користи секојдневно и веројатно не постои друг производ во домот кој се користи толку често ако го земеме во предвид фактот дека на него поминуваме една третина од денот. Да се помогне на купувачите да го изберат идеалниот душек за себе е принцип кој треба да се следи. Да се препознаат специфичните потреби на купувачите и да се реагира во склад со нивните потреби со цел постигнување задоволство од нашите производи  е стратегија која од секогаш го краси брендот MojSan®. Да се сретне корисник на сопствените производи и да се види насмевка на неговото лице е резултат на добрата работа, затоа да спиеме здраво и да им помогнеме да другите да го прават истото.

Главна карактеристика на производите MojSan®  е да обезбедат квалитетна поддршка на телото, удобност и трајност. Посебно сме специјализирани во производство на душеци каде што со големата понуда настојуваме да задоволиме што поголем број на потенцијални купувачи бидејќи чувството на удобност не е универзално за секоја личност. Со оглед на тоа дека една третина од животот го поминуваме во спиење посебно се посветивме на здравствениот аспект кој го има душекот како производ. Во производството користиме исклучиво антибактериски материјали кои гарантираат врвна хигиенска подлога за спиење.