Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Перници

Перница MojSan Woolly

WOOLMARK 100% волна

За цената на нашите производи Ве молиме да не контактирате на нашата инфо линија 02 3209 200 или на е-маил info@mojsan.mk

Перницата MojSan Woolly  е оригинален , единствен производ со структура од исклучиво природни материјали и е дел од ПРЕМИУМ понудата на MojSan перниците.

 

Предности и карактеристики на преницата MojSan Woolly

  • единствен производ на пазарот со врвна завршна изработка
  • структура од 100% природни материјали
  • надворешна прелива памучна навлака проштепана со вола и патент затворач
  • внатрешна навлака од памучни влакна
  • полнет со најфина чиста WOOLMARK волна за врвно чувство при спиењето
  • прилагодлива перница со можност за подесување на висината 
  • достапна во димензија 70x50cm.

Се состои од надворешна перлива 100% памучна навлака со патент затвора и дополнителна внатрешна навлака исто така изработена од памучни влакна, исполнета со најфина волна за врвно чувство при спиењето.

Волната ја балансира влажноста, совршено е удобна, а памучната надворешна навлака обезбедува непречено дишење на кожата на лицето и ја прави оваа перница неизбежен дел од Вашата спална соба. Перницате е прилагодлива и може да се регулира нејзината висина.

 

PURE NEW WOOL by WOOLMARK Company логото е еден од глобално најпрепознатливите симболи во текстилната индустрија кој укажува на тоа дека производот е изработен од 100% чиста нова волна.

 

MojSan Woolly Collection сетот вклучува Перница MojSan Woolly, Јорган MojSan Woolly i Topper MojSan Woolly.

 

beCOOLinWOOL...

Природен , биоразградлив и обновлив материјал кој не само што овозможува терморегулациска изолација во топли или ладни услови туку  ја регулира и влажноста  на воздухот создавајќи совршени услови за спиење.Волната користена за полнење на производите од MojSan Woolly колекцијата е сертифицирана од страна на WOOLMARK company како глобален авторитет на полето на креирање на производи со волна за користење во системите за спиење.
 
PURE NEW WOOL by WOOLMARK Company
 
Чиста нова волна подразбира руно од овца или јагне кое претходно не е:
  • предено
  • обработувано
  • вградувано во други готови производи
 
Производите на база на волна се поотпорни на валкање и се едноставни за одржување. Волната има способност за впивање на влага до 33% од сопствената тежина во сува состојба, без притоа да дава чувство на влажност. Може да се пере ако е наведено во упатството. 
 
Волната е многу издржлив, постојан и долговечен материјал кој го задржува својот првобитен облик.
 
MojSan Woolly колекцијата на производи во основа има врвна WOOLMARK чиста нова волна која гарантира совршени услови за спијачите кои преферираат 100% природен амбиент за спиење.
The Woolmark Company е подружница на компанијата Australian Wool Innovation (AWI), организација која спроведува истражувања, развој и маркетинг низ светски ланец за снабдување со Австралиска волна .
 
WOLMARK Pure New Wool  логото  е еден од глобално најпрепознатливите симболи во текстилната индустрија кој укажува на тоа дека производот е изработен од 100% чиста нова волна. Производите лиценцирани со овој знак  ги задоволуваат строгите стандарди и овозможуваат и им гарантираат квалитет на корисниците на производите. Логото  Woolmark е сопственост на компанијата  The Woolmark Company.
 
WOOLMARK брендот се користи за сертифицирање на производи во врска со составот на влакната, намената за која се користат, перформансите при користењето и одржувањето како би се задоволиле очекувањата на корисникот од самиот производ.
 
WOOLMARK логото е дизајниран од страна на италијанскиот дизајнер Franceskо Saroglia  во 1964 година и од тогаш се користи во преку 100 држави во светот. До сега преку 5 милијарди производи се произведени со оваа етикета. 
 
Според истражувањата од страна на AWI, компанијата која е сопственик на WOOLMARK симболот, половина од оние на кој им е познат овој симбол ја знаат и неговата намена.

 

MojSan Woolly Collection  е дел од NATURAL колекцијата на производи со пакување кое го следи природниот концепт.  Пакувањето е трајно и може да се користи и за друга намена.