Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Перници

Перница MojSan Bamboo

ОРГАНСКИ БАМБУС

За цената на нашите производи Ве молиме да не контактирате на нашата инфо линија 02 3209 200 или на е-маил info@mojsan.mk
Перница  MojSan Bamboo со полнење од органски бамбус влакна во комбинација  со памучно платно е одговор на Вашите потреби за здраво опкружување при спиењето.. Комбинацијата на материјали од кои е изработена оваа перница ја вклучуваат во ПРЕМИУМ сегментот на MojSan колекцијата.
 
Предноси и карактеристики на перницата MojSan Bamboo :
  • Перница со врвна завршна изработка
  • Исклучително мека на допир
  • Надворешна перлива навлака со патент
  • Дополнителна внатрешна навлака од памучни влакна
  • Полнење од органски бамбус влакна и микрогел за врвно чувство при спиењето
  • Прилагодлива – висината може да се регулира
  • Достапна во димензија 70x50cm
 
Перницата се состои од надворешна перлива навлака  со патент , внатрешна додатна памучна навлака полнета со мешавина од бамбус и микрогел влакна за врвно чувство при спиењето и квалитетен сон. 
Со оглед на структурата и начинот на полнење,  висината на  перницата може да  се регулира со цел задоволување на сопствените анатомски потреби за спиење.
 
Се препорачува кај лица кои се склони на потење . Перницата Bamboo спаѓа во премиум понудата на перници  MojSan. 
 
ORGANIC Bamboo,  Природно, органско влакно добиено од сптеблото на бамбус. Бамбусот е 100% природен материјал за чие одгледување не се потребни вештачки ѓубрива или агро хемикалии.
 
MojSan Bamboo Collection сетот вклучува перница MojSan Bamboo и Јорган MojSan Bamboo.
 
DOyouBAMBOO..
Природно, органско влакно добиено од стебло на бамбус кое веќе со децении се користи за производство на системи за спиење. Бамбусот апсорбира влажност 4 пати побрзо од памукот и брзо ја испарува. Овозможува циркулација на воздухот што е карактеристика која највеќе ја истакнува предноста на користење на бамбусот во производите за спиење
 
ORGANIC BAMBOO
 
Бамбусот е 100% природен материјал за чие одгледување не се потребни вештачки ѓубрива или агро хемикалии, додека чувството кое го пружа на телото е слично на она кое го пружаат свилата и кашмирот.
 
Основни карактеристики на органскиот бамбус:
  • Апсорбира влажност 4 пати побрзо од памукот
  • Овозможува циркулација на воздухот
  • 100% природни материјали бидејќи за одгледување на бамбусот не се потребни вештачки ѓубрива и пестициди
  • Содржи BAMBOO KUN,
  • Бамбусот е билка за чиј раст е потребно од 45 до 60 дена и е идеална за еколошко одгледување
  • Не задржува мириси и ги задржува антиалергиските својства низ целиот век на употреба на производот
 
BAMBOO KUN 
 
Бамбусот во својата структура содржи BAMBOO KUN, антибактериски природен агенс кој оневозможува развој на бактерии на платното од овие влакна и до преку 50 перења. Овој природен агенс гарантира задржување на антиалергиските својства подолг период на користење на производот.

MojSan Bamboo Collection е дел од NATURAL колекцијата на премиум производи со пакувања кои го следат природниот концепт. Пакувањата се постојани, можно е да се користат и за други намени и на производот му додаваат вредност на вистинси подарок за оние кои сакате да ги израдувате со 100% природни производи.