Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Дали знаeте на што спиете?

Не ги препуштајте соништата на случајноста

Побарајте совети од стручни лица! MojSan SHOP ГТЦ СКОПЈЕ

Дали знаeте на што спиете?

Денес спиењето е во фокусот на вниманието, па секојдневно сме изложени на разни огласи, списанија, телевизиски прилози, каде се потенцира здравиот сон со сите свои предности. Со разни истражувања во последните неколку години е заклучено дека здрав и опуштен сон е фактор кој влијае во скоро секој сегмент од нашето секојдневно живеење. Спиењето не освежува и регенерира повеќе од било кој друг биолошки процес. Квалитетниот сон не одмара и не исполнува со свежина која е нужно потребна за наше нормално функционирање. Иако 1/3 од својот живот го поминуваме спиејќи, на подлогата за спиење почнуваме да размислуваме откако ќе наидеме на проблем со недостаток на сон. За милиони луѓе ширум Светот, последиците од недостаток на сон се стрес, опаѓање на концентрација, правење грешки, па дури и посериозни облици на проблеми кои се секојдневна појава.
 

Кога е во прашање спиењето, прво нешто на што помислуваме е душекот, зар не? 

Душекот е  едно од најпотребните и најкористените производи во домаќинството, се користи секојдневно и на него поминуваме една третина од денот. При купување на душек треба да се препознаат и анализираат некои потреби и навики кои ги имаме при спиењето. Купување на квалитетен душек е инвестиција во сопствениот животен квалитет и е нешто што не се случува секој ден. Незначително поголемото финансиско вложување при купувањето на соодветен и правилен душек за Вас, може повеќекратно позитивно да се одрази врз Вашето здравје. 
 
Дали знаевте дека во просечен животен век, спиејќи во кревет поминуваме дури 23 години или 8516 дена?
 

Трендови и истражувања во системите за спиење

Според истражувањата на European Bedding Industries Association спроведени на повеќе од 6000 испитаници во десет земји во Европа, дојдено е до заклучок дека здравото спиење е исклучително важен фактор, за кој се повеќе се развива свеста на луѓето. Некои поинтересни факти од истражувањето: 
 
  • 98% од анкетираните се согласуваат дека квалитетен сон е неопходен за добар животен квалитет,
  • Од неколку фактори кои го сочинуваат квалитетот на животот, квалитетот на сонот заземал прво место, пред останатите: стрес, дете, физички активности, друштвен живот,
  • Најголемите бариери кои го оневозможуваат квалитетниот сон се: 1. Стрес, 2. Температурата на спиење и 3. Квалитет на душекот (погрешно одбрана перница е на 6то место),
  • Материјали кои се перцепирани како најквалитетни за изработка на душеци се: 1. Мемори пена 25%, 2.  Латекс 16%, 3. Џебно јадро 14%, 4. Bonnell јадро 8%,
  • Најголем број од анкетираните се изјасниле дека најисправна промена на душек е на секои 6 – 10 години, додека главна причина за тоа се болките во грбот и вратот.
 

Дали некогаш сте се запрашале од што се состои Вашиот душек? Зошто треба да го знаете тоа?

Големата понуда од овој вид производи на пазарот е многу збунувачка за самиот купувач, бидејќи многу често нетранспарентно се претставуваат одредени производи и нивните состави. Квалитетот и долготрајноста на еден душек зависи првенствено од материјалите од кои е изработен душекот, а кои се класифицираат според нивната густина и други параметри кои како универзални технички карактеристики се идентични и важат секаде во Светот.
 
Јадрото на душекот како основа на неговата структура има задача да Вашето тело го држи во правилна положба при лежење и таа особина да ја задржи на подолг временски период.
 
Во последно време, произведувачите на душеци често користат ефтини и неадекватни материјали при изработка на душеците како би добиле на масивност на истите. Таквите душеци се впечатливи за окото на потрошувачот. Не постои критериум или стандард според кој може да  се оцени дека една дебелина на душек е подобра од друга. Грешно е мислењето дека повисок душек е секогаш поквалитетен од понизок, висината само кажува дека во повисок душек се вградени повеќе материјали.
 
Брендот MojSan, како еден од водечките производители во регионот, има јасна стратегија која се изразува преку транспарентно прикажување на структурата на сопствените производи, со цел стекнување довеба кај нашите ценети потрошувачи. 
Не препуштајте ги соништата на случајноста! Побарајте совет од стручни лица!