Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Бренд MojSan®

MojSan® е модерна индустрија на системи за спиење чија основна цел е обезбедување на квалитетен сон за здрав живот,благодарение на користењето иновативни технологии и модерни решенија во креирањето на производи со висок квалитет

Континуирано ги пратиме светските трендови во индустријата за системи за спиење и фокусирајќи се на потребите на пазарот настојуваме да изградиме доверба кај нашите купувачи кон вредностите кои ги креираме.

MojSan® е бренд кој е синоним за квалитет и е во сопственост на компанијата Делибашиќ полиуретани д.о.о. од Какањ, Босна и Херцеговина, каде се наоѓаат и наште производствени погони. Присутни сме на целиот пазар во Босна и Херцеговина, и соседните земји и сме еден од лидерите во областа за производство на системи за спиење со поставена цел за поинтензивно ширење на регионално ниво. Во својата понуда имаме душеци, наддушеци, перници, прекривки, латофлекси, кревети и останати производи од асортиманот за спиење.

Бизнис стратегијата на нашиот бренд е насочена кон постигнување потполно задоволство кај купувачите, првенствено благодарение на квалитетот на производите и професионалниот однос со купувачите.

Константната едукација на нашите продажни консултанти од самиот почеток е во фокусот на менаџментот на компанијата со цел стручно усовршување, препознавање на потребите на купувачите и задоволување на истите, со што постигнавме ефект на свесност кај купувачите за важноста на квалитетниот сон.

Токму поради задоволните клиенти го постигнавме ефектот кој е најважен во работата која ја работиме, а тоа е препораката и ширењето на позитивните искуства од нашите производи од страна на самите купувачи.

Убедени во врвниот квалитет на нашите производи преку ценовната политика постигнавме најдобар сооднос вложено-добиено во корист на купувачите што ни претставува исклучително задоволство.

 

Производите MojSan® и самата политика на формирање на цените, од самиот почеток се концепирани на начин да понудиме високо ниво на квалитет за цената која се плаќа. Одговорно тврдиме дека производи со ова ниво на квалитет на репроматеријали и завршна изработка кај другите понудувачи би биле со значително повисока цена. Со оглед на фактот дека сме сопственици на фабрика за производство на ПУ пена која влегува во составот на поголемиот дел на производите од нашата понуда, како и фактот дека во производството користиме најсовремени машини во оваа индустрија со акцент на поголема продуктивност, успеавме со цените да се прилагодиме кон условите на пазарот. Мојсан од 2013 година го ужива статусот Superbrands®, и е позициониран во друштво на најзначајните регинални брендови.