Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

МојСан инвестира во изградба на нова фабрика

Започнување со изградба на нова фабрика за душеци и додатни производи за спиење

Нови 4.500 метри квадратни производен простор
Kомпанијата Delibašić poliuretani d.o.o. од Какањ, БиХ, сопственик на брендот МојСан, со инвестиција од 1,5 милиони евра започнува изградба на нова фабрика за душеци и останати производи за спиење.
 
МојСан е водечки домашен произведувач на системи за спиење, кој веќе долги години успешно работи во областа на производство и дистрибуција на производи за спиење. Со оглед на се почестото присуство и побарувачка на сопствените производи на пазарот, стратешки чекор на нашата компанија е отварање на нова фабрика која двојно ќе ги зголеми нашите производствени капацитети. Изградбата на нова фабрика од 4.500 метри квадратни производен простор ќе овозможи применување на најновите светски стандарди во производството на системи за спиење. Одржувањето на високо ниво на квалитет на нашите производи ќе биде овозможено благодарение на инвестиција во опрема и машини во износ од преку 500.000 евра.
 
Инвестицијата во изградба на објекти и унапредување на производниот асортиман го сметаме за еден од најважните чекори во поглед на позиционирањето на сопствената линија прозиводи за спиење на странскиот пазар и зголемување на конкурентноста во однос на светските технолошки трендови во оваа индустрија.