Како да се избере душек?
Навигација Преглед на производот

Куќен саем Мојсан Shop ГТЦ Скопје

Барате најдобри попусти во градот?

Неверојатни 20 до 50% попуст на cе за спиење... Oд 14ти април до 1ви мај!
UU UU, Стигна пролет!
 
Идеално време за големо освежување на Вашиот животен простор. Со првите сончеви денови сите сме полни со енергија и желба да се промениме себе и просторот кој не опкружува. Волшебно време во годината кога се што не опкружува зрачи со позитивна енергија и просто не привлекува дел од таа магија да ја пренесеме во нашите домови. За да го постигнеме тоа и да уживаме во пролетта што подолго потребно е да ги засукаме ракавите!
 
Од каде да почнеме?
 
Од спалната соба, бидејќи таму поминуваме дури една третина од нашето време. Проветрувањето и чистењето е задолжителна рутина за одржување на една просторија, но кога станува збор за спалната соба повремено е потребно да се направат и поголеми промени како на пример замена на креветот и душекот или можеби набавка на нови меки перници. Добриот сон е многу важен за Вашето здравје и во него вреди да инвестирате, а кога сме кај паметните инвестиции најважен е соодносот помеѓу цената и квалитетот.
 
Каде да најдеме квалитетни производи по поволна цена?
 
Мојсан Шоп Скопје оваа пролет Ви нуди врвен квалитет по најприфатливи цени. За големото пролетно реновирање Ви овозможивме посебна акција со снижување на цените од 20 до 50% на целокоупниот асортиман во периодот од 14.04 до 01.05.2018. Ова дефинитивно ќе внесе свежина и во Вашиот паричник. 
 
Зошто баш бувот?
 
Интересна приказна. Го одбравме бувот како птица која е олицетворение на мудроста, птица кај која сите шумски животни се обраќаат доколку им треба некој совет. Од друга страна пак бувот како ноќна птица претставува синоним за несоница што е директно поврзано со нашата примарна цел - промовирање на квалитетен сон. Така дојдовме до идеја да направиме една фузија од овие карактеристики на бувот и да ја превземеме улогата на делење квалитетни совети, а сите "бувови" ги покануваме во нашиот продажен салон во ГТЦ- приземје заедно да најдеме решение за несоницата.